Ново продолжение на 130-тата собраниска седница
Собранието трет ден ќе расправа по дневиот ред на 130-тата седница на кој има повеќе точки меѓу кои се и дополнетиот предлог закон за правата на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението во Република Македонија, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија, и за стратешки инвестиции во Република Македонија, двата по скратена постапка.
Пред пратениците ќе се најдат и предлог законите за изменување на Законот за евиденциите од областа на трудот и за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, и на Законот за забрана и спречување за вршење на нерегистрирана дејност, трите по скратена постапка.
На вчерашната седница пратеиците ја избраа Соња Трифуновска за заменик на Народниот правобранител и расправаа за повеќе законски решенија меѓу кои и за Законот за јавни собири, Законот за електронска трговија, Законот за таксата за привремен престој.
Ново на Сител
-
Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија
-
Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
-
Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже