Ново работно време на Отсеците за управни работи на МВР
Министерството за внатрешни работи информира дека започнувајќи од денеска Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.
Така, Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот.
Исто така, и Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од понеделник до петок ќе имаат работното време со почеток од 08.00 часот па до 18.00 часот, а истото работна време ќе важи и за: ОУР Битола за Прилеп, ОУР Велес за Кавадарци, ОУР Охрид за Кичево и Струга, ОУР Тетово за Гостивар и ОУР Штип за Кочани.
Во останатите пак подрачни единици – ОУР Охрид за Дебар; ОУР Битола за Крушево, за Демир Хисар, за Ресен и за Македонски Брод; ОУР Штип за Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево и за Берово; ОУР Велес за Неготино; ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка; ОУР Струмица за Гевгелија, за Радовиш и за Валандово, работното време ќе трае од 08.00 часот до 16.00 часот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот