Ново рочиште за „Траекторија“
На денешното рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“ треба да бидат разгледани материјалните докази.
Во овој предмет обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.
Тие се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево - Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.
Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски пред Судот се изјаснија дека го разбрале обвинителниот акт и предлог, но оти не се чувствуваат за виновни.
Според СЈО со противправното дејствување на обвинетите кинеската компанија „Синохидро“ се стекнала со имотно-правна корист од 155.117.256 евра, а износот на штета претставува разлика меѓу износот на цена што како држава ја плаќаме на „Синохидро“ и цената што оваа компанија им ја плаќа на подизведувачите.
Адвокатите, пак, тврдат дека ќе докажат оти со околностите и податоците со кои располагале обвинетите при носење на одлуките не е направено противзаконско дејствие.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ за новиот имот на Левица: Апасиев е левичар од Али Експрес
-
Владата го зголеми капитациониот бод за матичните лекари
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
„Царините од САД се резултат на грешка“ – Мицкоски очекува да се коригира одлуката
-
Инфлацијата се смирува, мерките за ограничени цени и маржи, според надлежните - даваат резултат
-
18 прекршоци за неисправност и непочитување на пловилата
-
Матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите добиваат повеќе пари
-
Меџити: Само Таравари гледа можност за соработка со ДУИ