Ново судење на меѓународниот терорист Карлос Шакалот
Меѓународниот терорист од 70-те и 80-те годиини на минатиот век, Илич Рамирез Санчез, познат на пошироката јавност како Карлос Шакалот одново и изведен на пред суд во Франција.
На Шакалот овојпат му се суди за нападот со рачни бомби во еден трговски центар, во парискиот Латински кварт во 1974 година, при што загинаа две лица, а 34 други беа ранети.
На сослушувањето Рамирез Санчез изјави дека не се чувствува виновен, а неговиот адвокат пред новинарите оцени дека овој процес е „само залудно трошење пари и време“.
Карлос Шакалот веќе се наоѓа на издување на две доживотни затворски казни за бројните терористички напади и убиствата извршени во текот на неговата дведецениска терористичка активност во името на палестинската и ултралевичрската кауза.
Рамирез (67) е роден во Венецуела во семејство на локални екстремни левичари, па неговиот татко го крстил синот по презимето на водачот на руската болшевичка револуција Владимир Илич Уљанов - Ленин.
На 24-годишна возраст Карлос Шакалот им се приклучува на припадниците на милитантната палестинска организација Фронт за ослободување на Палестина, кој има извршено серија терористички напади на Блискиот Исток и во Европа. Тој прво ги обучува припадниците на Фронтот за „револуционерна борба“, а потоа и самиот почнува да учествува во терористичките операции.
Прекарот „Шакалот“ му го дале медиумите според измислениот лик на атентаторот убиец од романот „Денот на шакалот“ на британскиот писател Фредерик Форсајт од 1971 година.
Илич Рамирез Санчез беше уапсен во 1994 година во Судан, по 20-годишна потрага.
Ново на Сител
-
Педесет тони хуманитарна помош од ЕУ и СЗО се очекува да пристигнат во Сирија на 31 декември
-
Поради сообраќајка по една коловозна лента се одвива сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка
-
Најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на ниво од пред зголемувањето, вели Мицкоски
-
Тошковски: Македонската полиција повторно ќе биде гордост на секој граѓанин
-
Ристески: Сите маркети да ги додадат основните производи во кошницата до крајот на денот, во спротивно ќе има мерки
-
Во вторник одлука на Владата за средствата за бесплатниот превоз на студентите
-
Притвор од осум дена за двајца осомничени за напад на полициски службеници во Битола
-
Зеленски: Украина и испрати на Сирија 500 метрички тони пченично брашно