Новогодишна изложба на слики од мал формат во „Феникс“
Во Културниот центар „Феникс“ од денеска до крајот на месецов ќе биде поставена новогодишна изложба на слики од мал формат.
- Целта на ликовната изложба, која ќе опфати над илјада ликовни експонати е, главно, да се презентираат ликовни дела со помал формат и со пристапни цени кои ќе претставуваат траен новогодишен подарок и ќе се најдат кај голем број граѓани во нивните домови и работни простории, соопшти „Феникс“.
Организаторот посочува дека за изложбата нема тематско-мотивски и стилско-изразни ограничувања, а сите заинтересирани ликовни творци своите дела треба да ги достават до денеска во Културниот центар „Феникс“.
На новогодишната изложба на слики од мал формат ќе биде доделена и награда „Арт феникс“ за најбаран, односно најпопуларен автор презентиран со свои слики на овој мал саем на македонски ликовни дела од мал формат и минијатури.
Ново на Сител
-
Мерки на претпазливост за пијаниот возач кој завчера удрил девојка на пешачки – Во февруари казнети 23.844 возачи
-
Што ќе содржи обвинителната одлука за скандалот на Онкологија?
-
Апелација му скрати четири години од казната на Боки 13 за „Рекет“
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години