Новороденче со Ковид-19 во Грција приклучено на апарати, атинските болници повторно полни
Новороденче старо 24 дена, заразено со коронавирусот, од минатиот петок е хоспитализирано и приклучено на апарати во атинска болница, откри министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас на денешната редовна прес конференција за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
-Мала невина душа се бори за живот, а лекарите прават се што можат и се надеваме дека се ќе биде во ред, рече Кикиљас.
Во Грција повторно е регистриран голем број нови случаи на Ковид-19, вкупно 1.913 од кои 869 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, каде што е и најголем притисокот врз здравствениот систем.
Кикиљас рече дека е исполнет 90 отсто од капацитетот во болниците во Атика, односно од 262 ковид кревети на Одделите за интензивна нега слободни се 27.
Во изминатите 24 часа од Ковид-19 во Грција починаа 28 лица, со што бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата се зголеми на 6.371.
Ново на Сител
-

Во тек најобемниот мониторинг на водите во сливот на Вардар, ќе се анализираат 170 локации
-

Азир Алиу му ја предаде функцијата на новиот министер за здравство Сашо Клековски
-

ЛШ: Вардар денеска пред тешка задача на реваншот во Финска
-

Од денеска само полнолетни смеат да возат електрични тротинети, забрането превезување и второ лице
-

Кривична против три физички и едно правно лице за затајување данок, го оштетиле Буџетот на РМ за 4.677.362 денари
-

36 годишен Црногорец „летал“ со 205 км/ч на автопатот кај Гевгелија, полицијата го уапси
-

АЕТМ: Е-трговијата во Македонија со двоцифрен раст
-

Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена од под вода во Црна Река кај село Радобор
