Македонија
21. November 2022 - 16:34

Новото законско решение за ВМРО-ДПМНЕ е потврда дека власта потклекнала на бугарските барања

ВМРО ДПМНЕ е против ново законско решение со кое ќе се регулираат контроверзните здруженија и клубови. Опозицискиот став доаѓа по најавите дека Владата работи на нов Закон, кој би бил испратен во Венецијанската комисија пред тој да биде донесен.

„Тоа е уште еден еклатантен доказ дека Владата потклекнува пред бугарските барања. Јас навистина не ја гледам потребата за создавање на ново законско решение, кога ова кое го имаме е изгласано со консензус. Се што треба да се направат е да почнат со имплементација”

Потребата од комплетно нов Закон за здруженија и фондации се појави по отворањето на бугарските културни клубови “Ванчо Михајлов” во Битола и “Цар Борис Трети” во Охрид и најавата за отворање на други со контроверзни имиња.

Но соочени со временски цајтнот и неможност да се чека новото законско решение, од владата решија да ги прифатат измените во постоечкиот закон кои ги предложи ВМРО ДПМНЕ, а се формираше и експертско тело, кое требаше да даде мислење дали некое историско име може да биде употребено како назив на здружение.

За шефот на дипломатијата ова се привремени решенија.

За разлика од претходниот закон, рече Османи, новиот би бил испратен на мислење во Венецијанска пред да биде донесен.