НСЗПА со отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов
Реакција од најбројниот и репрезентативен сидникат во затворите - Независен синдикат на затворска полиција и администрација до директорот Александар Пандов во врска со нападите упатени кон нас и нашите колеги.
Многу е лесно да се нападне еден затворски полицаец!!! Дали некој се запрашал низ што се поминува еден затворски полицаец? Дали вие господине Пандов сте се запрашале? Колку возила на затворски полицајци се запалени само во Идризово? Колку закани се претрпени од осудени лица и нивни надворешни соработници? Ако неколку затворски полицајци го прекршиле законот, значи ли дека сите се бават со криминал?
Со децении не ни е дадена униформа, сами се снаоѓаме, сами купуваме... Дали ја знаете бројката колку колеги напуштија од психичка неиздржливост? Треба да се запрашате кој ќе работи под овие услови!
Зошто не кажавте колку плата земавме до скоро време, да сега сме подобри ама кога би земале фул вишок саати и празник, да ќе стигнеме до 50.000 и незнаеме дали сме трети по ранг во државава најплатени?
Зошто не ги поканите медиумите да ги видат нашите возила за спровод на осудени лица, колку се безбедни,исправни......Колку спроводи има во денот, а колку возила има? Најлесно е секогаш да се нападне затворскиот полицаец да биде тема за критики по медиуми и социјални мрежи.
Независен синдикат на затворска полиција и администрација
Ново на Сител
-
30 дневен притвор за обезбедувањето на Мицкоски се обидел да земе 50.000 евра за службените документи
-
На сметките на пензионерите легнаа повисоки пензии за 2.500 денари
-
Трендафилов со предлог - И јас и пратениците да земаме 500 евра плата, но и работниците да добијат толку
-
Државата ќе им исплаќа субвенциониран оброк и на вработените студенти со плата под минималната
-
Преглед на вестите од светот
-
Целосна забрана за пиротехника во затворени простории и повисоки казни денеска пред пратениците
-
Тројца пациенти кои се лекуваат во странство и натаму се во критична состојба
-
СДСМ: Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски?