-->
-->
Нудат работа на луѓе кои имаат големо искуство во пушење на марихуана
-->

Работата ќе ја добијат само лица кои долго време пушат марихуана, кои знаат веќе одредени видови на марихуана и се добро запознаени со нивното дејство.
Во потрага за идеални кандидати компанијата Орегониан од Америка и порталот oregonlive објавиле оглас а после селекцијата избраните ќе работат за нив од своите домови, ќе им пишуваат за различните дејствија на марихуаната од различни видови.
Нивните искуства и мислења ќе бидат објавени на интрент, а избраните кандидати ќе мора два до четири пати месечно да испраќаат рецензии за нивното искуство. Дали ќе мора да пишуваат додека се под дејство или не, не е наведено во огласот.

Во огласот не е наведена ни платата како и останатите детали, освен тоа дека тие мора да имаат повеќе од 21 година, исполнувајќи ја минималната граница за легално конзумирање на марихуана. Истата компанија преку порталот oregonlive подоцна ќе ги објави и различните искуства на избраните кандидати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата