Обама ќе има обраќање кон кубанскиот народ во текот на посетата на Куба
На последниот ден од својата посета на Куба, американскиот претседател Барак Обама ќе му се обрати на кубанскиот народ, а кубанската Влада не се спротивстави обраќањето да биде пренесувано од медиумите, соопшти денеска Белата куќа.
- Обама и кубанскиот претседател Раул Кастро, исто така, ќе одржат заеднички прес брифинг, но неговиот прецизен формат се уште не е утврден, изјави заменик советникот за национална безбедност на белата куќа, Бен Роудс, пренесуваат британските медиуми.
Обама на 21 март ќе отпатува во дводневна посета на Куба, а како што е најавено, таму ќе се состане со претседателот Раул Кастро во обид „да се унапредат односите меѓу двете земји и напорите за подобрување на животот на кубанскиот народ“.
Посетата на Обама на Куба ќе биде дел од неговата турнеја низ Латинска Америка (Аргентина) следниот месец, претходно беше најавено во Вашингтон.
Заменик советникот за национална безбедност на Белата куќа, Бен Роудс, кажа дека САД и натаму имаат „сериозни разлики“ со Владата на кубанскиот претседател Раул Кастро и дека Обама во разговорот со Кастро во текот на посетата ќе го отвори и прашањето на човековите права и политичките слободи на Куба.
Ново на Сител
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?
-
Момчето херој Јован Костадинов во посета на Бигорски манастир
-
Казнет уште еден нелегален продавач на храна со поминат рок
-
Поради трагедијата во Кочани нема да се одржи Маршот на видливост
-
Русија и САД почнаа заеднички проекти за руските ретки минерали
-
Хуманитарен меѓународен натпревар во духот на солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани
-
Српски студенти во блокада в среда тргнуваат со велосипеди до Стразбур да се обратат во европски институции