Обама: Велика Британија не може да преговара со САД побрзо од ЕУ
Американскиот претседател Барак Обама, кој изминатите денови престојуваше во Лондон со цел меѓудругото да ги одврати британските гласачи од Брегзит, порача дека глобалното влијание на Велика Британија ќе ослабне доколку излезе од Европската унија.
Тој на крајот од тридневната посета на велика Британија во интервју за Би-Би-Си додаде дека во тој случај ќе бидат потребни и десет години за постигнување трговска спогодба меѓу Велика Британија и САД.
- Доколку излезе од Унијата, Велика Британија нема да може да преговара побрзо од ЕУ со САД, рече Обама, напоменувајќи дека САД нема да се откажат од напорите да постигнат трговска спогодба со својот најголем трговски партнер, ЕУ.
Поборниците за излегување од ЕУ се загрижени поради изјавата на Обама, а посебно имајќи предвид дека во текот на својата кампања тие говореа дека Велика Британија полесно ќе преговара за спогодбата и ќе добие подобри услови доколку не биде во Унијата.
Тие го обвинуваат Обама дека се меша во внатрешните работи на Велика Британија, но американскиот претседател смета дека е поважно да се вклучи и да се обиде да помогне околу исходот на референдумот.
- Се надевам дека ова ќе влијае врз начинот на размислување на гласачите. Мислам дека за обичните гласачи е важно да слушнат што мисли за Брегзит претседателот на САД, кој го сака британскиот народ и на кого му се мошне важни меѓусебните односи, додаде Обама.
Ново на Сител
-
Трамп: САД треба да се повлечат од војната во Украина
-
Вучиќ ги обвини западните земји дека ги кршат нормите на ОН
-
Нетанјаху најави дека Израел ќе продолжи со нападите врз Хезболах во Либан
-
Променливо облачно и топло, попладне во северните делови локален дожд
-
Изгаснат пожар во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово
-
Затвореник нападнал и силувал друг затвореник во Идризово
-
Двајца вработени на УНХЦР загинаа во израелските напади врз Либан
-
Полицијата најде младо починато момче во Скопје