Обединети за Македонија: Да продолжиме по европскиот пат како горди Македонци

На вечерашниот состанок на Претседателството на Обединети за Македонија, се донесе одлука за поддршка на т.н. француски предлог за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.
Билатералните прашања не се дел од преговорите. Со самиот предлог, се потврдува македонскиот национален идентитет и македонскиот јазик. Правото на самоопределување е една од вредностите на Европската Унија.
Затоа, најискрено советуваме, пред да излезете да протестирате, да го прочитате документот кој е јавно достапен и самите да донесете заклучок, дали ќе ја поддржете радикалната левица која шири невистини и идеологија чиишто земји каде е на власт истата, се најниско рангирани во светот, или ќе продолжиме по европскиот пат како горди Македонци. Но, испраќаме и апел до македонската дипломатија, доколку во иднина не се почитува договореното, да ги прекинеме преговорите на одредено време.
Ново на Сител
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
