Македонија
5. April 2018 - 14:27

Обезбедени над 1.000 нови книги во општина Илинден

Во општина Илинден денеска се реализираше 12-та традиционална манифестација „Подарете книга за велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение“ и се обезбедија над 1.000 нови книги. 

На манифестацијата, која ги обединува културата, уметноста и традицијата, општина Илинден соопшти дека учествувале голем број граѓани, издавачки куќи, преставници од бизнис секторот, писатели и ученици. Симболично биле украсени 2018 црвени велигденски јајца и секој посетител кој дарувал книга за возврат добил црвено велигденско јајце. 

Оваа манифестацијата традиционално се одржува секоја година на Велики Четврток, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден. Досега се подарени 33.000 книги наменети за Општинската библиотека Илинден, Општинската библиотека во Домот на култура Марино и библиотеките во основните училишта.