-->
-->
Обид за атентат врз поранешниот главен муфтија на Египет
-->
Врз поранешниот главен муфтија на Египет, Али Гома денеска е извршен обид за атентат, при кој е ранет еден негов телохранител, соопшти египетското Министерство за внатрешни работи.
Нападот врз Гома бил извршен во близина на неговиот дом во предградието на Каиро, Шести Октомври, во момент кога тој одел кон локалната џамија.
Според полицијата, врз 64-годишниот Гома и неговите телохранители пукале група вооружени мажи, кои по нападот успеале да побегнат.
Гома беше главен муфтија на Египет од септември 2003 до февруари 2013 година. Тој важи за голем поддржувач на поранешниот египетски претседател Мохамед Морси и неговата исламистичка организација Муслиманско братство. Морси беше соборен од власта од страна на амријата во јули 2013 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се чека одговорот на членовите на Судскиот совет
-
Еуроактив: Бугарија нема да попушти
-
Муцунски во посета на Австралија
-
СДСМ: Мицкоски потрошил 60.000 евра на социјални мрежи
-
Малолетниците кои кршат по паркови ќе работат општокорисна работа
-
54-годишен маж од Делчево загина при излетување од коловозот со мопед
-
Мртво бебе пронајдено во корпа за отпадоци во Подгорица, мајката е уапсена
-
ГОБ „8 Септември“ треба да остане добар „бекап“ за клинички центар, вели Таравари