Македонија
16. April 2019 - 11:24

Обид за грабеж во спортска обложувалница во Охрид

30 тина минути по полноќ се случил обид за грабеж во спортска кладилница во населбата Воска во Охрид.

Неофицијално пред затворање во објектот влегло маскирано лице вооружено со пиштол, кое од вработената побарало да му ги предаде парите.

Лицето се испаничило откако вработените му кажале дек ќе се вклучи алармот и во напуштило објектот.

Од СВР велат дека детали за настанот ќе има во текот на денов.