Балкан
5. April 2019 - 9:22

Обид за киднапирање автобус во Љубљана, едно лице убиено

Едно лице е убиено во автобус од градскиот превоз на Љубљана, откако се заканил дека ќе го киднапира возилото и ќе го убие возачот.

Љубљанско „Дело“ наведува дека непозната личност го принудила возачот на градски превоз, кој возел на редовна линија, да сврти кон обиколницата, заканувајчи му се дека ќе го убие со шрафцигер. Но, возачот останал присебен и свртел во правецот во кој сакал киднаперот, но потоа намерно минал на црвено светло на семефор за да ја предупреди полицијата.

Словенечката полиција дека дошло до инцидентот и оти едно лице настрадало, а неофицијално, тоа е киднаперот на автобусот.

Локалните медиуми соопштуваат дека и една од патничките наводно успеала да ја алармира полицијата за инцидентот, кој се случил синоќа околу 21 часот, додавајќи дека полицијата неколку пати се обидела да го запре возилото, по што киднаперот бил убиен.