Обид за нов рекорд во пештерата Врело: Спелеонуркачи ќе истражуваат длабочини над 300 метри

Во подводната пештера Врело во кањонот Матка во тек е спелеонуркачка експедиција чија цел е да се надмине досегашниот рекорд од 287 метри и да се истражат длабочини од 300 метри или повеќе во еден од најдлабоките подводни пештерски системи во Европа и светот.
Од Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ информираат дека експедицијата се реализира од 10 до 17 октомври и претставува обид за понатамошно истражување на подводниот систем на пештерата.
Пештерата Врело досега беше предмет на повеќе значајни истражувања.
Италијанскиот нуркач Луиџи Касати достигна длабочина од 212 метри, полскиот спелеонуркач Кшиштоф Старнавски 242 метри, додека во 2025 година полскиот нуркач Бартломиеј Питала со својот тим достигна 287 метри со кои пештерата во моментов е рангирана како трета најдлабоко истражена подводна пештера во светот, по Фонт Естрамар во Франција (312 метри) и Елефанте Бјанко во Италија (292 метри).
Експедицијата „Врело 2026“ се одржува под генерално покровителство на претседателката Гордана Силјановска-Давкова.
Поддршка на терен обезбедуваат припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи, а во приправност се и хеликоптерската единица на МВР, службите за итна медицинска помош и Црвениот крст.
Во подготовките учествувале и единици на Генералштабот на Армијата.
МИА
Ново на Сител
-

Дожд се очекува утре, потоа следуваат сончеви денови
-

ФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер-криминал!
-

Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип
-

Трамп: Лицата кои оддаваат информации за воените операции на американската армија треба да бидат стрелани
-

Кривична пријава против полициски службеник - фалсификувал дарување крв
-

Мадуро денеска ќе се појави пред суд во САД по нови обвиненија за тортура
-

Муцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства
-

Маск сугерира дека американската влада е одговорна за ограничувањето на воената сателитска мрежа во Украина
