Обид за подобрување на односите меѓу Брисел и Вишеградската група

- Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер одржа тричасовна средба со лидерите на четирите држави од Вишеградски држави - Полска, Унгарија, Чешка и Словачка, во обид да ги подобри односите и да постигне договор со нов за низа прашања по кои има различни ставови меѓу Брисел и „четворката“.
Средбата мина без официјално соопштение, но двете страни брифираа дека разговорите минале во пријатна атмосфера и дека бил постигнат напредок.
Главни отворени прашања се инсистирањето на Брисел овие четири источноевропски земји да примат баратели на азил од Германија и други побогати европски држави. Три од четирите земји од Вишеградската група гласаа против планот за распоредување на барателите на азил низ целата ЕУ, а Полска и Унгарија неодамна загубија судски спор по ова прашање.
Воедно, во тек е отворен судир меѓу Брисел, Будимпешта и Варшава околу политичките и судските прашања во Полска и Унгарија.
- На менито беше постигнувањето консензус преку компромис и соработка за единство за иднината на Европа, напиша Јункер на својот профил на Твитер.
Земјите од Вишеградската група, формирана во 1991 во унгарскиот замок Вишеград, беа претставени од нивните премиери, Виктор Орбан од Унгарија, Беата Сидло од Полска, Бохуслав Соботка од Чешка и Роберт Фицо од Словачка.
- Европската унија не би требало да се дели на источен и западен дел. Иднината на ЕУ е во формат од 27 држави членки. Ниту една држава не може да биде исклучена од овие разговори, изјави Соботка.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
