Обид за убиство во Велес: Со два промили алкохол, нож и секира направил хаос
Надлежен јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 26 години, поради постоење основано сомневање дека сторил во обид кривично дело „убиство“ и кривично дело „загрозување на сигурноста“. Поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело на осомничениот му е одреден 30-дневен притвор.
- Осомничениот на ден 1 април годинава околу 20:30 часот во објект на свињарска фарма со умисла се обидел да лиши од живот едно лице. Осомничениот во состојба на пијанство во која самиот се довел со количина на алкохол во крв од два промили, во моментот кога во објектот дошол оштетениот на истиот му се обратил со повеќе пцости упатени до него и неговото семејство. Потоа осомничениот извадил нож и со него на оштетениот му нанел неколку убоди нанесувајќи му со тоа телесна повреда. Потоа зел од објектот една секира и со истата се упатил кон останатите присутни заканувајќи им се дека ќе ги убие, со што ја загрозил сигурноста на оштетените, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Сметајќи дека постојат околностите кои укажуваат на опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело, Основното јавно обвинителство во Велес до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес поднесел предлог за определување на притвор против осомничениот, кој е прифатен и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Ленин Јовановски во Белград разговарал за донација на автобуси на Скопје
-
Шест нови лета од Скопје и Охрид
-
ССМ: Наместо граѓаните, корист од замрзнатите маржи имаа трговците
-
Преглед на вестите од светот
-
Меџити: Има добра волја за уставни измени
-
Ковачки: СДСМ да ја поддржи стратегијата
-
СДСМ: Сиљаноска да одговори зошто помилува тешки криминалци
-
Шест нови авио линии