Обилни врнежи низ земјава, најмногу во Претор

Во изминатите 24 часа, најголема количина на врнежи е измерена во Претор каде наврнаа 66 литри на метар квадратен. Следуваат Крушево со 37 литри, Битола со 30, Прилеп 26 и Маврови Анови 25 литри. Високи вредности се забележани и во Тополчани, Пожаране и Виница со по 24 литри, како и Крива Паланка со 23 литри. Во Лазарополе се измерени 18 литри, а во Попова Шапка 17. Во Штип паднале 15 литри, во Берово и Тетово по 13, додека Кавадарци и Куманово имаат по 12 литри. Струмица бележи 11 литри, Велес 10, а во Скопје – Зајчев Рид 4 и Скопје – Петровец 5 литри. Најмалку дожд имало во Гевгелија три литри.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, со услови за невреме, грмежи и силен ветер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина над 60 километри на час. Максималната температура ќе се движи меѓу 13 и 19 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, а максималната температура ќе достигне до 17 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Министерката за образование не верува дека има пропусти со извезувањето мозочни ткива во САД
-

Се уште нема приведени за протестите за одземените возила
-

МАНУ анализираше какви кандидати за судии и обвинители ќе се примаат
-

Нов смртен случај од компликации од грип
-

Смарт зелен бран ќе ги чини скопјани 25 милиони денари, Ѓорѓиевски ќе мести и CCTV камери за да се бори со вандалите
-

Ѓорѓиевски: Скопје излегува од финансиски колапс
-

Членовите на УПОЗ ќе одлучат дали понудата на Владата е прифатлива
-

Продолжува судењето за Пулс
