-->
-->
Обилниот дожд предизвика поплави на Арапски Полуостров, 18 лица загинаа во Оман
-->
Арапскиот Полуостров е погоден од поплави предизвикани од обилен дожд. Во надојдената вода во Оман загинаа најмалку 18 луѓе, а се трага по исчезнатите.
Обилниот дожд предизвика поплави и во главниот град на Обединети Арапски Емирати. Поради силниот ветер нарушен е и авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром во Дубаи.
Пред невремето во ОАЕ беа затворени училиштата, а државните службеници работат од дома.
Дождот не е вообичаена појава на Арапскиот Полуостров, па голем број улици немаат дренажа. Властите со цистерни ја испумпуваат водата од улиците и автопатиштата.
Во Дубаи наврнале повеќе од 30 милиметри дожд, а во текот на денот се очекуваат дури 128 милиметри.
Дожд врнеше и во Бахреин, Катар и Саудиска Арабија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
29 години од атентатот врз Kиро Глигоров
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Новото раководство на ЕСМ обвинува за хаос во РЕК Битола
-
Тројца загинати во директен судар