Објавен фото конкурсот „Балкански зелен појас”
Македонското еколошко друштво во соработка со Еуронатур од Германија го објави фото конкурсот на тема „Балкански зелен појас”.
Во Македонија Зелениот појас ги опфаќа трите државни граници со Бугарија, Грција и Албанија.
Конкурсот има три различни категории: „Млади под 18 години“, „Аматери“ и „Професионални фотографи“. Секоја фотографија треба да ги содржи следните информации: име и презиме на фотографот, локација на фотографијата, дата и во која категорија се натпреварувате. Едно лице може да поднесе најмногу 3 фотографии. Учеството опфаќа дигитални фотографии во боја, испратени преку е - маил (не принт, црно-бели фотографии или панорама формати). Фотографиите се испраќаат на mkgreenbelt@mes.org.mk до 15 јули 2017 година.
За првите места во сите категории се предвидени награди. За категорија млади-бежичен звучник, за категорија аматери-сталак за фотоапарат и ранец за опрема и за категорија професионални фотографи-вредносен ваучер. Наградените фотографии ќе бидат објавени во септември 2017 на веб страната на Македонското еколошко друштво, www.mes.org.mk.
Ново на Сител
-
Пад од два поени на Индексот на перцепција на корупцијата 2024
-
ДЗР: Утврдени слабости во работењето на Централен регистар кои влијаат на реалноста на финансиските извештаи за 2023 година
-
Поради дефект без вода дел од Сопиште
-
Едно лице убиено, а едно повредено во престрелка во Топанско поле
-
Успешно завршено Националното кик бокс првенство, кик боксот спорт број 1 во Македонија
-
Дончиќ дебитираше за Лејкерс, „езерџиите“ запишаа шеста победа по ред
-
Нова серија на земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос
-
Седници на четири собраниски комисии