Објавен Конкурсот за упис на студенти на УКИМ, слободни 11 661 места

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје го објави Конкурсот за запишување студенти во прва година додипломски студии во учебната 2018/2019 година.
Според Конкурсот, слободни се вкупно 11 661 места, од кои за редовни во државна квота има 5913, редовни со кофинансирање на студиите 4573 и за вонредни студенти 1175 места. Како и во минатите години, цената за редовно студирање е 200 евра, а за кофинансирање на студиите и за вонредни е 400 евра.
Условите и критериумите за запишување и потребните документи се појаснети во Конкурсот, кој УКИМ го објави на својата веб-страница: www.ukim.edu.mk
Првиот рок за пријавување на кандидатите е на 30-ти и 31 август. Вториот рок е на 13-ти и 14 септември, а третиот рок на 24 септември на факултетите на кои ќе има слободни места.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
