Објавен огласот за млади земјоделци
Сите што сакаат да се занимаваат со земјоделска дејност, а што немаат наполнето 40 години, да поднесат апликации до Полатежната агенција за субвенции за млади фармери, апелира денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.
Костадиновски при посетата на земјоделецот Таки Георгиески од скопско Булачани, кој лани аплицирал и добил грант од 600.000 денари за насад за гоџи бери, информира дека огласот за субвенционирање млади фармери е објавен вчера.
- За оваа година обезбедени се средства за преку 100 апликации. Интересот е огромен. Во 2012-та имаше само тројца апликанти, додека во 2013, 14-та и 15-та година кога интересот беше најголем, одобрени беа 134 во износ од 1,2 милиона евра. До последниот оглас објавен вчера, поддршката изнесува 1,5 милиони евра за вкупно 170 млади земјоделци, истакна Кoстадиновски.
Земјоделецот Таки Георгиев појасни дека минатата година аплицирал и добил субвенции за млад земјоделец во висина од 10 илјади евра за гоџи бери. Финансиската олеснителна околност, односно субвенцијата од Министерството била пресудна за Георгиев да почне со овој бизнис.
Огласот за млади земјоделци ќе трае еден месец, а барањата се доставуваат електрински. За сите информации, младите земјоделци можат да се обратат во Агенцијата за поддршка и развој.
Заменик министерот Костадиновски во изјавата се осврна и на обвинувањата на дополнителнiот заменик министер Љупчо Николовски дека се доделувале земјоделско земјиште и субвенции на луѓе кои не се занимавале со земјоделство. Костадиновски му порача на Николовски да не ги манипулира јавноста и земјоделците во отсуство на, како што рече, какви било мерки или проекти.
Ново на Сител
-
Путин: Разгледуваме одговори доколку НАТО и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел
-
Модриќ стана најстариот играч во историјата на Класико
-
Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините
-
Државата троши нешто повеќе од 1 500 денари по глава на жител за правосудството
-
Трипл-дабл на Леброн Џејмс во победата на Лејкерс над Сакраменто
-
Светска програма за храна: Во светот 733 милиони луѓе се соочуваат со глад
-
Флик издвои еден играч по победата над Реал
-
Колективна оставка од Комисијата за помилување