Објавена е последната снимка на морнарите од потонатата индонезиска подморница
Индонезиската армија објави видео на кое се гледа како дел од 53-те членови на екипажот на потонатата подморница пеат песна.
Снимката е направена неколку седмици пред да потоне подморницата заедно со 53-те морнари. На снимката се гледа како морнарите ја пеат песната “Sampai Jumpa”, индонезиски хит, што во превод значи „Збогум“.
Индонезиските власти денеска потврдија дека подморницата, која потона минатата среда во близина на Бали, е пронајдена на морското дно поделена на најмалку три делови, а сите морнари, за жал го загубиле животот.
Според експертите, за подигнувањето на подморницата на површината од длабоката вода ќе биде потребна специјална опрема за спасување. Портпаролот на индонезиската морнарица Јулиус Виџојоно изјави дека за операцијата за извлекување се уште се разговара со експерти и меѓународни тела.
Претседателот на Индонезија, Јоко Видодо изрази соучество до семејствата и вети дека државата ќе го финансира образованието на настраданите морнари.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена