Објавена фотографија од апсењето на Мадуро, автентичноста официјално не е потврдена

На социјалните мрежи е објавена фотографија од апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на американски специјалци.
Засега нема официјална потврда за автентичноста на фотографијата, ниту кој е изворот.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека САД извршиле воздушни напади врз Венецуела и рече дека венецуелскиот лидер Николас Мадуро е „заробен и изнесен од земјата“.
-Соединетите Американски Држави успешно извршија голем напад врз Венецуела и нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро, кој, заедно со неговата сопруга, беше заробен и изнесен од земјата“, напиша Трамп на својот профил на Truth Social.
Според американските медиуми, апсењето на Мадуро го ивршиле припадници на специјалната единица „Делта форс“.
МИА
Ново на Сител
-

Дводневен штрајк на таксистите во Грција
-

Променливо облачно и студено
-

Андоновски: До февруари ќе ги завршиме домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ
-

Чаби Алонсо доби отказ во Реал Мадрид
-

ЦУК: Состојбата со последните врнежи се следи и е стабилна
-

Распишана меѓународна потерница по 18-годишникот кој смртно прегази жена кај ТЦ „Беверли Хилс“
-

Манчестер Јунајтед добива менаџер до крајот на сезоната
-

39-годишник ја убил својата мајка во Богданци
