Објавена јавна набавка за изработка на урбанистички план за Дом на спортови во Аеродром

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката (АДИССДП), на електронскиот систем за јавни набавки на Бирото за јавни набавки објави тендер за изработка на архитектонско урбанистичка планска документација за објект Дом на спортови во Скопје на ГП 1.7 локалитет И14 во општина Аеродром.
-Оваа јавна набавка е согласно планот за јавни набавки на Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката. Право на учество имаат сите странски и домашни правни или физички лица или група такви лица-понудувач кои се регистрирани за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот. Рангирањето на понудувачите ќе се врши според квалитетот на понуденото решение и цената на понудените цени, соопшти АДИССДП.
Изградбата на Домот на спортови, се посочува во соопштението, е клучен проект во делот на спортската инфраструктура со цел обезбедување услови за непречена работа, функционирање на спортските федерации и подигнување на спортскиот стандард и условите за работа на спортските субјекти во државата.
-Домот на спортовите ќе се гради на територија на општина Аеродром и за таа намена во првата фаза се обезбедени 75 милиони денари од Буџетот на Република Македонија, а останатите средства ќе се обезбедуваат етапно, потенцираат од АДИССДП.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активни три пожари
-

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година
-

Гаши од Софија: Остануваме цврсто посветени на европските вредности
-

Тошковски: Миграциските предизвици бараат заеднички решенија, партнерство и конкретна поддршка
-

ЈП „Водовод и канализација“: Скопскиот канализационен систем не е место за одлагање секаков отпад
-

Официјално претставување на ВЕЗИЛКА – Националната фабрика за вештачка интелигенција
-

АХВ добитник на втора награда за управување со квалитет во јавниот сектор на Министерството за јавна администрација
-

Девет пријави за семејно насилство за 24 часа во државата, четворица приведени
