Објавени нови тајни документи на НСА
Голем број тајни документи на поранешниот службеник на американската Национална агенција за безбедност (НСА), Едвард Сноуден ќе станат „отворена книга“ за новинарите и организациите, кои сакаат да соработуваат со новинарската организација, која ја држи архивата.
Сајтот Интерсепт, кој го покрена новинарот Глен Гринвлад, упати повик до новинарите да работат со нив и целосно да ја истражат архивата на Сноуден.
Интерсепт исто така објави десетици документи на НСА, меѓу кои и оние кои се однесуваат на методите на испитување затвореници во Гвантанамо.
Се наведува дека НСА имала лице за врски, кое било одговорно за одржување секојдневен контакт со оние, кои ги испитувале затворениците, за да ги процени и искористи нивните информации.
Гринвалд бил дел од тимот, кој прв го интервјуирал Сноуден во 2013 година.
- Од почетокот имавме став да соработуваме со странски и други американски медиуми, а не целиот материјал да го задржиме само за себе. рече Гринвалд.
Тој додаде дека Интерсепт ги подеилил документи со дваесетина медиуми и новинарски тимови од повеќе земји, меѓу кои и со „Вашингтон пост“, „Њујорк тајмс“, „Пропаблик“ и „Гардијан“.
Како што е договорено со Сноуден, новинарите кои ќе известуваат за овие документи ќе мораат да се согласат на одредени правила
- Има многу документи, кои се од јавен интерес и кои можат и треба да бидат објавени. Постојат и документи во архивата за кои сметаме дека не треба да бидат објавени, бидејќи можат да им нанесат голема штета на невини луѓе, додаде Гринвалд.
Тој нагласи дека Интерсепт веќе почнал на француски „Монд“ и на други медиуми да им дава дел од архивата.
Ново на Сител
-
Уставен суд: Уставот не предвидува интерпелација на уставните судии
-
Државата за две години потрошила 8 и пол милиони евра само за набавка на нови автомобили
-
Поради строгите правила за приватност Агелер не открива зошто Лимани не доби американска виза
-
СДСМ: Една фирма добила тендери од 4,5 милиони евра од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има голема заинтересираност за вториот повик од унгарските пари за проекти во општините
-
5 години членка на Нато-предизвиците пред кои е исправена државата се големи
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ заедно со нивните судии и обвинители во акција за заштита на мазут мафијата