-->
-->
Облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи
-->

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, со можност за појава на невреме. Пообилни врнежи се очекуваат во источните и крајните северозападни делови од земјава, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 25 до 34 степени. УВ-вредноста ќе изнесува 5.
Во Скопје слично време, променливо облачно и нестабилно со краткотраен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 32 степени.
Од понеделник времето ќе биде променливо, посвежо и ветровито.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
