Облачно и студено со умерен северен ветер

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер. Претпладне во источните делови ќе има услови за повремен слаб снег. Од пладневните часови ќе е претежно сончево со мала до умерена облачност.
Утринската температура ќе се движи од минус три до три степени, а дневната од минус еден до пет степен.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Температурата во интервал од нула до четири степени.
Утре наутро ќе биде многу студено, а преку денот ќе биде претежно сончево и без врнежи. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд ќе има од четврток. На повисоките планини над 2000 метри надморска висина ќе има и врнежи од снег. Во четврток ќе дува повремено засилен југоисточен ветер, а од петок утринските температури насекаде ќе бидат позитивни.
Ново на Сител
-

Сончево со мала до умерена облачност и ветер
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
