Облачно и суво со умерен ветер
Времето денеска ќе биде претежно облачно и суво, со умерен југоисточен ветер. Во крајните јужни и северни планински делови, особено попладне, ќе има услови за претежно слаб снег.
Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од пет до 11 степени.
Во Скопје слично време, облачно и суво со умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе достигне до 11 степени.
В сабота ќе биде облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните и јужните делови. Од недела се очекуваат врнежи претежно од снег, кои само во крајниот југоисточен дел од земјава ќе бидат од дожд и снег. До вторник насекаде се очекува формирање на снежна покривка, а на планините нејзино значително зголемување.
Ново на Сител
-
Нови настани поврзани со традицијата во септември
-
Преглед на вестите од светот
-
И Муцунски оди во Софија
-
Ако ние како ЕУ не ѝ подадеме рака на С. Македонија, некој друг ќе нѐ замени
-
Тема на денот со Иво Ранѓеловиќ
-
Од денеска образовните асистенти се враќаат на работа
-
Во петок средба Сиљановска - Радев во Софија
-
Тајани: Европскиот пат се базира на заслуги, 2030 не е недостижен датум