Облачно и врнежливо со температури над нулата
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, на повисоките планини на северозапад со врнежи од снег. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Според прогнозата на УХМР, во Скопје претпладне ќе биде значително облачно и магливо. Во попладневните и вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 10 степени.
До вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.
Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник, кога ќе дува умерен, а во вторник и среда засилен ветер од северен правец. Стабилизирање на времето ќе има од среда со ниски утрински и дневни температури.
Ново на Сител
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик
-
Први во Европа, петти во свет - ама по загаден воздух
-
И денеска реакции за ветото на претседателката Сиљановска Давкова