Облачно со дожд и ветер
Променливо облачно време со повремен дожд ќе преовладува денеска во Македонија. Врнежите ќе почнат од запад, а послаби врнежи ќе има на исток и во централните делови. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од нула до седум степени, а дневната од шест до 16 степени.
Во Скопје слично време со утринска температура до еден степен и дневна до 13 степени.
Поинтензивни врнежите ќе бидат во сабота кога ќе има засилен, на моменти силен југозападен ветер со брзина и над 80км/ч. Локално ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните подрачја. На повисоките планини ќе има врнежи од снег. Повремени врнежи се можни и во недела претпладне кога на повисоките места на североисток ќе поминуваат во слаб снег. Од понеделник се очекува преодно стабилизирање.на времето.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот