Облачно со локални врнежи од дожд

Времето денеска се очекува да биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и јужните делови. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, исто така, најавено е претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Се очекува да дува умерен југоисточен ветер. Температурата во главниот град на државата се очекува да се движи меѓу 9 и 14 степени Целзиусови.
Седумнаесет степени Целзиусови се најавени за во Гевгелија и во Демир Капија.
Според синоптичарите, утре, исто така, врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Во петок и во деновите од викендот, повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Утринските и дневните температури од недела значително ќе опаднат.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
