Облачно со повремен локален дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд поинтензивни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.
И во следните денови ќе се задржи променливото облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и услови за грмежи. Утре на повеќе места ќе дува повремено силен ветер (над 60 км/час) од јужен правец. Дневните температури ќе бидат во пораст, кој ќе биде позначителен за време на викендот кога во повеќето места температурите ќе се искачат над 20-тиот степен.
Ново на Сител
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
-

„Безбеден град“ дава резултат
-

Премиерот најави ново линеарно зголемување на пензиите
-

Сиљановска-Давкова очекува државата да направи исчекор кон природната дестинација, ЕУ
-

Скопје одбројува до Новата година
