Облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места и особено во крајните западни и источни делови врнежите ќе бидат пообилни, а на југоистокот ќе има услови и за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Како што соопшти УХМР, од ноќта кон понеделник од север ќе настапи заладување што ќе услови позначително спуштање на температурите. Врнежите в понеделник и краткотрајно и во вторник на планините ќе бидат од снег, а понекаде и особено во северните делови ќе има услови за појава на снег понекаде во пониски места.
Во следните три дена минималната температура ќе биде во интервал од минус три до осум степени, а максималната од три до 13 степени.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
