Облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец
Времето умерено до значително облачно. Во раните утрински и претпладневни часови во североисточните и источните подрачја ќе провејува слаб снег. Попладне вдолж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. До крајот на денот облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени.
Во Скопје, претежно облачно, кон крајот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 8 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и пораст на дневните температури. Во четврток и петок по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе се задржи пониска. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има слаби локални врнежи од дожд.
Ново на Сител
-
Приватните превозници попладне ќе носат одлука дали од утре воопшто ќе возат
-
Преглед на вестите од светот
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа