Облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни, а на планините и на повисоките места од снег, особено претпладне. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени Целзиусови.
Поради продор на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер со брзина од над 65 километри на час и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. На планините висината на снежната покривка позначително ќе се зголеми. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат.
Во Скопје ќе биде претежно облачно, во утринските и претпладневните часови со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите од дожд ќе преминуваат во снег со слаб интензитет. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Според најавите од Управата на хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од понеделник под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север повторно се очекуваат врнежи претежно од снег. На планините висината на снежната покривка дополнително ќе се зголемува, а ќе се формира и во некои пониски места.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
