Облачно со врнежи од снег на места
Времето утрово е облачно со врнежи кои во северните делови во земјата преминаа во снег, додека на југот се уште се претежно од дожд. Во ноќните часови беше ветровито, а изутрината дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, информираат од УХМР.
До 7 часот најмногу снег наврна во Маврово 11 сантиметри (Маврови Анови), во Пожаране девет, во Лазарополе осум, во Тетово пет, во Крива Паланка четири, во Куманово и во Ѓуриште три, и во Крушево и Берово два сантиметри.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Струмица 18 литри на метар квадратен, Маврово -15, Берово – 13, Лазарополе – 11, Крива Паланка – 10, Тетово и Дојран – девет, Гевгелија – осум, Штип и Демир Капија – четири, Крушево – три, Куманово, Охрид и Претор – два, и Скопје и Битола еден литар на метар квадратен.
Најстудено беше во Маврово каде беа измерни – 6 степени, во Лазарополе и Крушево – 4, во Крива Паланка -2, а најтопло во Претор каде се измерени четири степени.
Времето денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во источните делови. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен снег и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне три степени.
Ново на Сител
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро
-
Состојба на патиштата
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар