Облачно време со дожд и грмежи

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а сеуште локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни. Минималните темпартури ќе се движат од шест до 13 степени, а максималните од 20 до 29 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата од 13 до 26 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Во вторник и в среда појавата на пороен дожд и грмежи ќе биде поретка и со послаб интензитет.
До крајот на неделата времето ќе биде променлово облачно, со пороен дожд и грмежи. Утринските температури ќе бидат во интервал од шест до 15 степени, а дневната од 18 до 28 степени.
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
