Облачно време со слаб снег
Под влијание на нов влажен бран, времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, што ќе бидат позастапени во западните делови. Ќе дува слаб до умерен западен ветер, кој кон крајот на денот ќе се промени во северозападен и ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи од минус десет до минус три, а дневната од минус три до четири степени.
Во вторник ќе биде сончево со умерена облачност, студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од снег. В среда и четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за магла по одделни котлини. Дневната температура од четврток осетно ќе се зголеми, особено на повисоките места и на планините.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ја започнува најдолгата посета на Африка во својот понтификат
-

Раст на цената на нафтата по американската најава за блокада
-

САД најавија блокада на иранските пристаништа по неуспешните преговори
-

Орбан му честиташе на Маѓар на изборната победа
-

Денеска се слави Светол понеделник - вториот ден од Велигден
-

Фон дер Лајен смета дека Унгарија се вратила на европскиот пат
-

Сончево со умерена облачност
-

Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство 2026

