Македонија
6. March 2017 - 8:35

Облачно време со врнежи од дожд и од снег - еве каде вее во моментов

Времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на повисоките планини од снег. Особено повеќе врнежи се очекуваат во крајните западни и источни делови.

Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, повеќе ќе биде застапен во западните делови на земјава. Температурата ќе се движи од 8 до 17 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 17 степени.