-->
-->
Обложувачите ноќна мора за тенисер
-->

Самјуел Грот, 180-ти на тениската АТП листа, пријавил дека тој и семејстово добиваат смртни закани.
Грот кој е познат по разорниот сервис и неофицијалниот светски рекорд за најбрз сервис, добивал закани од обложувачи кои губеле пари кога ќе ставеле одблог на наговте мечеви.
„Постојат ситуации кои ја минуваат секоја граница. Количината на навреди која ја добив…Такво нешто не можете да замислите. Лично би можел да се соочам со тоа , но кога заканите се однесуваат на моето семејство и мојата девојка, тоа е знак дека работите отишле предалеку“, рекол Грот, кој потоа го избришал својот профил на Facebook.
„Шокиран сум. Никогаш не сум видел нешто вакво. Добивам смртни закани, а на мојата девојка и се закануваат дека ќе ја убијат и дека ќе ја злоставуваат.“
Грот рекол дека поразите најтешко тој ги поднесува, особено они неколку оваа сезона кој ги загубил во неизвесна завршница.
„Обложувачите на еден мој меч можат да загубат 50 долари, а јас оваа година загубив неколку неизвесни мечеви и вредноста на тие мечеви за мене е многу поголема од 50 долари. Обложувачите не размислуваат низ што поминуваме ние тенисерите“, завршил Грот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
