Обнова на четири објекти од староградска архитектура во Охрид
Во Охрид се во тек активности за обнова на четири објекти од староградската архитектура, во рамки на проектот на Министерството за култура за реставрација и конзервација на фасади во старите градски јадра, кој се реализира од 2012 до 2017 година.
Како што информира Министерството, се работи за објекти кои комплетно сведочат за оригиналноста, препознатливоста и специфичноста за охридскиот стил на градба. Надлежна институција за обновата е Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид.
- Во Старото градско јадро на Охрид, Заводот ги реализира проектите за: статичко зајакнување и конзервација на куќата од старото охридско семејство Котушеви; конзерваторско-реставраторски работи на фасади на два објекта лоцирани на репрезентативната улица „Самуилова“, и тоа - куќата на семејството Маринови и куќата на семејството на Драги Рауник, како и статичко зајакнување и конзервација на куќата на Димзови. Сите објекти ќе бидат завршени до крајот на годинава со што ќе бидат зачувани автентични примероци на охридската староградска архитектура, објекти кои се карактеристичен пример за конструкциите и облиците на традиционалните градби и урбанистичките концепции на крајот од 18 век, информира Министерството за култура.
Минатата година стручните екипи на Заводот и музеј Охрид ги завршија реставраторските активности на три други објекти: куќата на семејството Ѓурчинови лоцирана на кеј „Маршал Тито“ бр. 3; Магазата, која се наоѓа на источната страна од чаршијата, во непосредна близина на чинарот во Охрид, и објектот познат како Радио Охрид, на ул. „Св. Климент Охридски“
Ново на Сител
-
10 пациенти пуштени на домашно лекување, Таравари апелира граѓаните да не собираат пари сами, лекувањето е бесплатно
-
27 лица и 3 фирми осомничени за пожарот во Кочани, 30-дневен притвор за екс министерот Бектеши
-
Николовски: Се контролираат и лиценци за изградба на сите објекти
-
Психолошка помош им е потреба на голем број граѓани, особено на семејствата кои ги изгубија најблиските
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ