Обнова на ул.„Апостол Гусларот“ во населбата Буњаковец
Општина Центар денеска соопшти дека се почнати активности за реконструкција на улица „Апостол Гусларот“ во населба Буњаковец.
Како што информира општината, почната е обновата на коловозот и ивичниците на улицата, во должина од 180 метри, на потег од улицата „Стефан Јакимов Дедов“ до „Никола Тримпаре“.
- На најоштетениот дел од улицата целосно ќе се вади подлогата и ќе се стави два тона асфалт, а во другиот дел ќе се гребе постојниот и ќе се поставува нов асфалт. На руинираните ивичници ќе се постават нови бехатон плочки, со што ќе се овозможи непречено движење на пешаците, а за лицата со посебни потреби - пристапни рампи, се вели во соопштението.
Од Општина Центар најавуваат дека во наредниот период ќе биде реконструирана и улицата „Златко Шнајдер“.
Ново на Сител
-
Малолетник се шетал со нож низ Чаир, полицијата го приведе
-
Приведено 33-годишно лице во Штип поради кражба
-
Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка
-
Од утре дожд, на некои места пороен
-
Невреме и поплави во Италија
-
Во Битола пронајдено починато 46-годишно лице во куќа
-
Сиљановска-Давкова: Молкот го отвори патот за злото – мора да учиме од историјата
-
Српскиот премиер Вучевиќ ќе поднесе оставка