Обновени на преговорите за Кипар
Преговорите за решавање на кипарското прашање се обновуваат денеска, а целта е да се постигне напредок по сите отворени прашања пред меѓународната конференција за Кипар, закажана за 12 јануари, јавуваат кипарски грчки медиуми.
Претстојат 36 денови на забрзани преговори со цел на 9 јануари кипарското прашање да влезе во заклучна фаза, пишува грчкиот кипарски весник „Политис“.
Меѓународната конференција за кипарското прашање се очекува да биде одржана на 12 јануари во Женева. Весникот посочува дека пред таа недела не се очекува средба меѓу лидерите на кипарските Грци и кипарските Турци, Никос Анастасиадис и Мустафа Акинџи.
- Двајцата преговарачи Андреас Мавројанис и Јоздил Нами ќе се фатат за работа, пишува весникот „Алитија“.
- Кипарските Грци подготвуват формула за враќање на градот Морфу во обид да се одговори на барањата на кипарските Турци, пишува весникот „Филелефтерос“. Градот Морфу се наоѓа во Северен Кипар, но пред разделувањето бил населен со кипарски Грци.
Прашањето за негово враќање е меѓу темите, кои создаваат најголеми тензии меѓу двете заедници и беше една од причините да бидат прекинати преговорите меѓу двајцата лидери, кои се сретнаа во Швајцарија минатиот месец.
Ново на Сител
-
76-годишна скопјанка измамена од Ганец, во повеќе наврати му праќала 8.000 евра и телефони
-
АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија
-
Денеска последната супермесечина за оваа година
-
Кирјос по двегодишна пауза се враќа на тенискиот терен
-
Фалкао најдобар колумбиски стрелец во историјата
-
Лазаров го објави поширокиот список ракометари за Светско првенство
-
Му кажале дека има биткоини но дека треба да има 200.000 ден. на сметка за да ги подигне, 45 годишен маж измамен во Куманово
-
Повторен конкурс за сместување во студентски домови каде што има слободни места