Обновливите извори се уште не се доволни, јагленот и натаму останува главен енергенс за производство на струја

Јагленот останува најголемиот поединечен извор на електрична енергија во светот и оваа година, со очекувано производство од 10.974 терават-часа(TWh) или речиси една третина од вкупното глобално производство – покажуваат новите прогнози на Меѓународната агенција за енергија (IEA).
Гасот ќе биде втор по големина извор на електрична енергија со 6.976 TWh, по што следуваат хидроенергијата со 4.536 TWh, сончевата енергија со 3.289 TWh, ветерот со 2.898 TWh и нуклеарната енергија со 2.871 TWh.
Сите обновливи извори заедно годинава првпат ќе го надминат производството на струја од јаглен, но ниеден поединечен извор засега не може да се спореди со него. Проблемот е што растот на потрошувачката на електрична енергија ја надминува стапката со која обновливите извори го заменуваат јагленот.
Војната на Блискиот Исток доведе до повисоки цени на гасот во Европа и Азија, па затоа електраните што може да избираат помеѓу гас и јаглен имаат поголем поттик да користат јаглен.
Затоа, ИЕА ја ревидира својата претходна процена и сега очекува производството на електрична енергија од јаглен да се зголеми во 2026 година наместо да се намали.
Кина произведува повеќе од половина од светската електрична енергија од јаглен. Речиси 55 проценти од струјата во Кина е добиена од јаглен.
Во Индија уделот на јагленот е 71 процент, а во Југоисточна Азија околу 48 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
