„Обој го светот портокалово, стави точка“ - кампања за борба против родово насилство
По повод 25 ноември - Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, Делегацијата на ЕУ и канцеларијата на ОН во Македонија ќе спроведат 16-дневна кампања чија цел е запирање на кршењето на правата на жените.
Се проценува дека најмалку една од три жени или девојки во светот е жртва на насилство.
Кампањата насловена „Обој го светот во портокалово, ставете точка на насилството врз жените и девојките“, ќе се спроведе на глобално ниво од утре до 10 декември, кога се одбележува Меѓународниот ден на човековите права.
Предвидени се низа активности, кои вклучуваат осветлување во портокалово на Камениот мост во следните 16 дена, формирање на „портокалова панделка“ од лица од различна возраст облечени во портокалово во знак на поддршка на кампањата, како и повеќе дебати низ земјата со учество на студенти.
- Портокаловата боја е одбрана како симбол на светла иднина без насилство врз жените, велат организаторите.
Ново на Сител
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови
-
Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар | ВИДЕО
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
-
Швајцарија победи на Евровизија
-
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради улична трка