Македонија
18. March 2016 - 8:29

Образовен центар за деца со оштетен вид во Велес

Во Велес денеска ќе биде отворен ресурсен центар за подобрување на образовните можности на деца со оштетен вид.

Активностите се во организација на Проект на УСАИД и Лајонс Клуб Меѓународната фондација за деца со пречки во видот.

Проектот за деца со пречки во видот, реализиран од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа, работи на зголемување на квалитетот и пристапноста на услугите за образование за деца со пречки во видот, со посебен фокус на писменост, со печатење учебници на Брајово писмо на локалните јазици и кампањи за бесплатни очни прегледи кај деца од предучилишна возраст.