Македонија
22. October 2026 - 16:51

ОБСЕ: Функционерите најчесто се спасуваат во судот

Функционерите главно се спасуваат во судот, имотот не им се конфискува, а и оние кои ќе бидат осудени, најчесто завршуваат со укината пресуда.

Вакви бројки дава извештајот на ОБСЕ направен врз анализа на 72 високопрофилни предмети за корупција и организиран криминал.

Само 1 од 4 функционери обвинети за корупција на крајот добил правосилна пресуда.

На останатите тројца предметите најчесто им застарувале.

Во вкупно 72 предмети, 64 лица биле правосилно осудени, 24 ослободени а на дури 112 предметите им застареле.

Дури 95 од нив, застарување добија кога претходната влада го смени кривичниот законик на почетокот на септември 2023-та.

Анализата покажала дека половина од пресудите кои ги донел основниот суд, повисоките судови ги укинале па судењата се повторувале.

Но и кога се судело, тоа било непродуктивно бидејќи секое 4то рочиште се одложувало, најчесто поради отсуство на обвинетите.

И пресудите не биле многу ефикасни.

Судот пресудил да се конфискуваат 293 милиони евра во предмети во кои им се судело на функционери за корупција, а државата наплатила само нешто над 2,3 милиони.

ОБСЕ констатира дека земјава постигнала одреден напредок во реформите на правосудството, особено во транспарентноста, организацијата на судските постапки и дигитализацијата но и натаму фали примена на реформите во пракса.

Дополнителен проблем е и слабата екипираност на обвинителството.

Лани една третина од местата во обвинителството не биле поплнети.

Во организиран криминал и корупција од 18 обвинители, фалеле 5.

На судот му се замерува лошото образложување на пресудите во кои се користат однапред направени шаблони во кои недостасува прецизна анализа на доказите и образоложение на казната.